КОЊИЧКИ СПОРТ

Според план-календарот на Федерацијата на коњички спорт на Македонија, денеска, со почеток во 11 часот, коњичкиот клуб Анималс од Скопје, на теренот на клубот што се наоѓа во населбата Дрма (Идризово), ќе го одржи вториот Октомвриски коњички турнир, како и третото коло од Отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање за 2023 година. На програмата се три натпревари во категориите А, М и ЛМ, со музика во слободен избор во времетраење од три до четири минути. Г.И.