ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Белгиецот Воут ван Аерт спринтуваше до својата втора етапна победа на годинашната велосипедска трка Тур де Франс, а Словенецот Тадеј Погачар го зголеми своето водство во генералниот пласман по осмата етапа.
Ван Аерт победи на искачувањето од трета категорија до целта пред Австралиецот Мајкл Метјуз. Погачар победи на шестата и на седмата етапа, на осмата беше трет и ја зголеми предноста на врвот и ја задржа жолтата маичка со предност од 39 секунди.
Осмата етапа се возеше и во Швајцарија, а вчера се возеше деветтата етапа, во Франција, долга 192,9 километри. Ван Аерт, пак, ја задржа зелената маичка со 115 поени предност пред Фабио Јакобсен.
Пласман по осум етапи на Тур де Франс 2022: Тадеј Погачар 28:56,16 часа, Јонас Вингегард плус 39 секунди, Герент Томас плус 1:14 минута, Адам Јејтс плус 1:22 минута, Давид Году плус 1:35 минута, Ромен Барде 1:36 минута, Том Пидкок плус 1:39 минута, Нилсон Паулес плус 1:41 минута, Енрик Мас плус 1:47 минута, Даниел Мартинез плус 1:59 минута итн.