Фото: ЏФМ

На редовното Изборно собрание на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), кое се одржа во Прилеп, актуелниот претседател Владимир Трпаноски е реизбран на функцијата претседател на ЏФМ со нов четиригодишен мандат. На ова собрание, со нов четиригодишен мандат избрани се и нови членови на извршниот и на надзорниот одбор на федерацијата. Г.И.