Фото: Анастасовски Горан

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди, додека во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне на одделни места повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 7 степени, а дневните максимални ќе достигнат од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени.

Промена на времето од понеделник, на планините и снег

Во наредните денови ќе продолжи променливото облачно време, но температурите постепено ќе опаѓаат. Врнежи од дожд се најавуваат и во понеделник, кога се очекува и продор на постуден воздух од север.

Поради заладувањето, во понеделник попладне врнежите на планините ќе преминуваат од дожд во снег.

Нови врнежи од дожд се очекуваат и во четврток и петок.