ЏУДО

Во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), изминатиот викенд во Прилеп се одржа Балканско првенство за ветерани/ки постари од 30 години. На ова првенство учествуваа околу 80 натпреварувачи/ки од осум држави (Македонија, Грција, Турција, БиХ, Србија, Црна Гора, Романија и Албанија).
Македонската репрезентација настапи со вкупно 13 натпреварувачи во машка и во женска конкуренција, при што освои 16 медали, од кои 10 златни и шест сребрени во редовна конкуренција, оти македонските женски репрезентативки настапија и во апсолутна категорија, каде што се закитија со по уште еден златен и два сребрени. Најмасовна и најуспешна беше селекцијата на Турција.
Селекторот на Македонија, Киро Здравески, кој беше и натпреварувач, изрази задоволство од оствареното на турнирот, информират од Џудо-федерацијата на Македонија.
Ова е трет голем настан што годинава го организира ЏФМ. Претходно, Македонија беше домаќин на Европскиот џудо-куп за јуниори во Скопје и на Балканијадата за кадети во Крушево. Г.И.