Фото: ЕПА

НА ЛОИ ВО ПАРИЗ ГОДИНАВА
Вештачката интелигенција ќе помага во преведувањето

Парискиот јавен транспортен систем (РАТП) ќе им обезбеди на повеќе од 2.000 агенти уреди за преведување поддржани од вештачка интелигенција (ВИ) за да им помогнат на стотиците илјади посетители да се движат низ мрежата на главниот град за време на годинашните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз, пренесе „Ројтерс“. Рачниот уред „традивија“ може да преведува од француски на 16 јазици, при што текстот ќе се појави на екранот и ќе се прочита наглас. Услугата ќе остане и по ЛОИ, кои треба да се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.
– Ќе имаме посетители од целиот свет. Важно е да им се дадат вистинските информации. Да можеш да зборуваш со нив на што е можно повеќе јазици и да им помогнеш да го пронајдат својот пат во Париз е исклучително важно – им изјави на новинарите претставникот на РАТП, Грегоар де Ластири.
Вработените во метрото рекоа дека уредот исто така ќе им даде поголема самодоверба.
– Веќе нема да размислуваме дека нема да се разбереме. Тука веднаш знаеме во однос на јазиците и веднаш имаме јасни, попрецизни информации и можеме да бидеме сигурни дека кога посетителите ќе заминат, ќе бидат задоволни – рече работникот во париското метро Рафаел Гасет, пренесе „Ројтерс“. Г.И.


АТЛЕТИКА

Чемберс ќе се трка и на 45 години

Поранешниот атлетски светски шампион во сала Двејн Чемберс треба да трча на 60 метри на Првенството на Велика Британија во сала. Тој ќе го стори тоа на возраст од 45 години, а за ова првенство се квалификуваше со време 6,81 секунди, кое беше остварено лани, пишува Би-би-си.
Тој во 2010 година ја освои светската титула на 60 метри во сала. Квалификациското време за Светското првенство (СП) во сала, кое во март треба да се одржи во Глазгов (Шкотска), е 6,58 секунди. Чемберс ги освои златото на Светското првенство во сала во Катар во 2010 година и бронзата две години подоцна во Турција. Тој официјално се пензионира во јули 2017 година, но трчаше и на британскиот шампионат на 60 метри во сала во 2019 година. Г.И.