ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ЏИРО Д`ИТАЛИЈА
Вингегор доминира и го зголеми водството
Данскиот двократен шампион на Тур де Франс, Јонас Вингегор, доминираше на планинската 15. етапа на велосипедската трка Џиро д’Италија за да го зголеми своето водство во розовата маичка, пишува „Би-би-си“. Тој почна моќен напад на околу 10 километри пред крајот на етапата и се оддалечи од своите конкуренти. Џиро д`Италија се одржува од 1909 година. Годинашното издание е 109-то по ред, а предвидени се вкупно 21 етапа.
На другите велосипедски грантур-трки Вингегор освои три титули, и тоа на Тур де Франс во 2022 и во 2023 година и на шпанската Вуелта во 2025 година. Досега седуммина велосипедисти ги освоиле трофеите на сите три грантур-трки, и тоа Жак Анкетил (Франција, двапати славеше на Џиро д`Италија, пет пати на Тур де Франс и еднаш на Вуелта), Феличе Џимонди (Италија, 3-1-1), Еди Меркс (Белгија, 5-5-1), Бернар Ино (Франција, 3-5-2), Алберто Контадор (Шпанија, 2-2-3), Винченцо Нибали (Италија, 2-1-1) и Крис Фрум (Велика Британија, 1-4-2).
Генерален пласман на Џиро д`Италија по 16 етапи: Вингегор, Феликс Гал (плус 4:03 минути), Тимен Аренсман (плус 4:27 минути), Џаи Хиндли (плус пет минути), Афонсо Еулалио (плус 5:40 минути)… Н.М.
ХОКЕЈ НА МРАЗ
Следува разврската за медали на 89. Светско првенство
Со денешните четвртфинални натпревари Швајцарија – Шведска, Канада – САД, Финска – Чешка и Норвешка – Летонија почнува разврската за медали на 89. Светско првенство во хокеј на мраз, кое се игра во Швајцарија. По групната фаза, во која настапија вкупно 16 репрезентации, првите места во двете групи ги освоија Швајцарија и Канада, а домашната репрезентација е единствена без загубен бод на годинашниот Мундијал. Полуфиналните мечеви се в сабота, а дуелот за трофејот в недела. Актуелен светски првак од СП 2025 е репрезентацијата на САД. Н.М.

































