Мохамед Салах/Фото: Твитер - Лига на шампионите

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах, ја продолжи својата импресивна голгетерска серија на гостувањата во Лигата на шампионите, тресејќи ја и мрежата на Интер во победата од 2-0, во осминафиналниот меч одигран вечерва во Милано.

Извонредниот египетски офанзивец претходно редум погодуваше на гости против Аталанта, Митјиланд, Лајпциг, Реал Мадрид, Порто, Атлетико Мадрид и против Милан.

Тој вечерва го совлада противничкиот голман Самир Хандановиќ во 83-та минута, откако Роберто Фирмино го отвори резултатот во 75-та минута.

Во вториот вечерашен дуел, Баерн во самата завршница избегна пораз на гостувањето кај Салцбург 1-1. Кингсли Коман им донесе реми на Баварците во 90-та минута, по водечкиот гол на Бренден Аронсон во 21-та минута. Реваншите закажани за 8 март.