ХОКЕЈ – НХЛ-ЛИГА

Голден најтс е нов првак на хокеарската лига НХЛ во САД, откако ја победи Флорида пантерс со 9-3 дома, во петтиот меч од финалето и ја освои титулата со вкупно 4-1 во победи. Голден најтс е 21-от клуб со титула во НХЛ-лигата, во која најтрофеен е Монтреал со 24 титули. НХЛ-лигата му додели на Лас Вегас експанзиска франшиза во јуни 2016 година, а Голден најтс имаше извонредна дебитантска сезона 2017/2018, стигнувајќи до финалето, каде што загуби од Вашингтон капиталс во пет натпревари, пишува агенцијата „Ројтерс“.