КАРАТЕ – ПО ДРЖАВНОТО И ПЛЕЈОФ-ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

На 30 март и 6 април, во салата „Крсте Мисирков“ во Скопје, се одржаа државното и плејоф-првенството во карате во сениорска конкуренција, по кои најдобрите по двата турнира ќе се пласираат на Европското првенство (ЕП) што ќе се одржи во мај, во Задар (Хрватска). Државното првенство се одвиваше на две, а плејофот на едно борилиште во конкуренција на 88 натпреварувачи од вкупно 30 клуба. По нивното завршување беше изготвена ранг-листа со освоени бодови од Натпреварувачката комисија на КФРМ. Екипните состави ќе бидат познати подоцна.
Ранг-листа на најдобрите: борби, жени: Михаела Мишовска, Олимпик спорт (категорија до 50 кг), Симона Заборска, Макпетрол (до 55 кг), Вероника Костовска, Олимпик спорт (до 61 кг), Ангела Мојсовска, Макпетрол (до 68 кг), Ердона Зибери, Фати (над 68 кг). Борби, мажи: Недим Шакири, Олимпик спорт (до 60 кг), Емил Павлов, Штип (до 67 кг), Петар Заборски, Макпетрол (до 75 кг), Петар Спасеновски, Макпетрол (до 84 кг), Стефан Стојановиќ, Макпетрол (над 64 кг). Кати, жени: Данка Стојкова, Сансаи Метал Апостолов. Кати, мажи: Кристијан Бајовски, Фунакоши Гичин. Г.И.