Фото: Фејсбук/Приватна архива

Повеќекратниот македонски бодибилдинг и фитнес-шампион Мирко Петровски почина денеска во Скопје на 47-годишна возраст.

Сочувство по повод смртта на Петровски, меѓу другите, изрази и бодибилдинг и фитнес Федерацијата на Македонија.

– Жална вест за сите вљубеници во бодибилдингот и фитнесот во Македонија. Утрово нè напушти Мирко Петровски. Нека почина во мир – се вели во објавата на социјалните мрежи.

Петровски долги години беше професионален бодибилдинг и фитнес-инструктор.

Во 2013 година му беше врачена државната награда „8-ми септември“ за особен придонес во развојот на спортот во Македонија.