Фото: Фејсбук/Акватика Јахтинг

Меѓународна едриличарска регата во организација на здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ ќе се одржи викендов во Охрид, под покровителство на Едриличарската федерација на Македонија и на Општина Охрид.

Регатата ќе се одржи во класите Оптимист, Ласер 4 и 470. Учество ќе земат српските клубови Палич, Панонија 1975 и Смедерево, како и бугарски ЦСЈЦ Централ Софија Јахт Клуб, а струшки Снегар и домаќинот Акватика Јахтинг од Охрид ќе ја претставуваат Македонија, информираат организаторите.

– Станува збор за меѓународна регата што се одржува втора година и со која се продолжува сезоната. Натпреварувањето е во олимписки класи и ќе има 50 учесници, од кои 30 ќе бидат ќе бидат до 14-годишна возраст. Регатата ќе плови помеѓу Охрид и Горица, при што ќе може да се гледа и од брегот, па очекуваме интерес и од публиката. Натпреварувањето е специфично и се трудиме да го доближиме до јавноста – вели Петар Паунче Скитник од Акватика Јахтинг. М.Ж.