Филипо Гана - Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВУЕЛТА

Италијанецот Филипо Гана првпат победи на една етапа на велосипедската грантур-трка Вуелта во Шпанија, со доминација на 10-та етапа на хронометар, по која водството на Сеп Кус од САД е намалено на 26 секунди. Патеката долга 26 километри, Гана ја заврши 16 секунди пред белгискиот светски шампион Ремко Евенепул.

Трикратниот победник на Вуелта, Примож Роглич од Словенија, заостана уште 20 секунди на третото место. Евенепул и Роглич направија значително приближување до лидерот Кус, кој ја заврши етапата со една минута и 29 секунди побавно време од Гана.

Вкупен пласман по 10 етапи: Сеп Кус, Марк Солер (плус 26 секунди), Ремко Евенепул (плус 1:09 минути), Примож Роглич (плус 1:36 мин.), Лени Мартинез (плус 2:02 мин.)…