Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 1-3 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига.

Финците го добија првиот сет со 25-22, Македонците возвратија во вториот со 25-20, а потоа уследи пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25-18 и 25-16 за противникот за победа.

Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија.

Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место.