Шахистите на Куманово победија со 4-2 на мечот со ШК Фишер во кумановското дерби, а во мечот за врвот Алкалоид го победи Прилеп со 4-2 и е сѐ поблиску до одбрана на титулата на екипното првенство на Македонија што се игра во Струга, во седум кола. Во четвртото коло нaјубедлив беше Гамбит Асеко СЕЕ, кој со 5-1 го совлада Стево Патако од Битола.

Кај шахистките водечкиот на табелата Центар со максимални 4-0 го совлада Стево Патако и ја задржа челната позиција. Во ова коло актуелниот првак Алкалоид беше слободен.

Четврто коло, мажи: Гамбит Асеко СЕЕ – Стево Патако 5-1, Анпасан – Гостивар 1,5-4,5, Куманово – Фишер 4-2, Алкалоид – Прилеп 4-2.

Табела: Алкалоид 8 бода (15 поени по табли), Гамбит Асеко СЕЕ 6 (16,5), Прилеп 6 (15,5), Гостивар 4 (12), Фишер 2 (11), Куманово 2 (10,5), Анпасан 2 (8), Стево Патако 2 (7,5).

Четврто коло, жени: Карпош – Неготино 0,5-3,5, Куманово – Гамбит Асеко СЕЕ 2,5-1,5, Центар – Стево Патако 4-0. Алкалоид беше слободен.

Табела: Центар 6 (11,5), Гамбит Асеко СЕЕ 5 (10,5), Алкалоид 5 (9), Куманово 4 (7), Неготино 2 (5), Стево Патако 2 (4), Карпош 0 (1). Екипите на Центар, Алкалоид, Куманово и Неготино имаат по еден меч помалку. Г.И.