Првиот „Октомвриски музички поход“, во организација на здружението „Култи ватор“, беше држан на 15 октомври пред Кинотеката на Македонија.
На овој музички настан настапија бендовите „3Џект“ и „Хајка“ од Скопје како и Диџеј Миран и Пиреа Саундсистем.
Настанот има за цел да ја промовира и поддржи новата македонска авторска музика.
„Хајка“ е млад бенд од Скопје формиран во 2019 година. Влечејќи инспирација од бит-генерацијата на писатели и постмодерната уметност, бендот жанровски е на линијата помеѓу прото-панк па се до ноувејв. Со возбудлив сценски настап и многу енергија досега имаат низа свирки, издадени едно ЕП, еден албум (25 песни) и нов сингл „Мека машина”, кој отвара една нова музичка насока за бендот. Во моментов се подготвуваат за издавање на нивниот втор албум.

„3ject“ е експериментално џез-фјужн трио од Скопје, Македонија, формирано од Александар Ванчовски (тапани, перкусии), Петар Лукиќ (пијано, клавијатури) и Иван Петровски (гитара, синтисајзер). Првиот настап во живо се одржа во „Олд скул кафе“ во Скопје, Македонија, во април 2018 година како џем сешн и брзо беше проследен со снимање на деби албум со 5 песни насловен „Homeverse“.
Во 2020 година влегуваат во студио по речиси едногодишен молк и го снимаат својот најнов албум.

Дицеј Миран Дургути е познат по своите сетови кои вклучуваат рнб, поп и техно музика.

„Пириа саундсистем“ е дуо што промовира реге музика.