Пакет измени во техничките, спортските и финансиските прописи на Формула 1 (Ф1) за 2027 и 2028 година е договорен помеѓу управното тело на Ф1, ФИА, менаџментот на Формула 1, тимовите и производителите на погонски единици, објави Формула 1 (Ф1). Договорот е постигнат по дискусиите што се водеа од првите трки од годинава, по идентификуваните работи во врска со управувањето со енергијата според новата рамка на погонските единици. Предложените измени имаат цел да ги решат проблемите поврзани со управувањето со енергијата и карактеристиките на протокот на енергија на горивото и да ги направат квалификациите порамномерни, а да не влијаат на позитивните и возбудливи трки генерирани од новите регулативи, пишува Ф1.
Пакетот воведува постепено ребалансирање на придонесот на моторот со внатрешно согорување и системот за обновување на енергијата во 2027 и 2028 година и вклучува целни приспособувања на излезната моќност на моторот со внатрешно согорување, протокот на енергија од горивото и распоредувањето на системот за обновување на енергијата, заедно со зголемена флексибилност во управувањето со енергијата. Вклучени се и мерки за поддршка поврзани со условите за снабдување со погонски единици, операциите на трката и релевантните финансиски прописи. Овие најнови измени го одразуваат продолжувањето на оваа соработка со сите засегнати страни што работат колективно за да ја усовршат рамката и да се справат со идентификуваните оперативни предизвици, пишува Ф1. Н.М.


































