Фото: Твитер/Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ вечерва е слободен човек, порача преку Твитер австралискиот новинар Пол Сакал, во врска со случајот на најдобриот светски тенисер.

Новинарот на весникот „Ејџ“ додава дека австралискиот министер за имиграција Алекс Хоук имал четири часа повторно да ја укине визата, пред Ѓоковиќ да биде пуштен од хотелот во Мелбурн, каде што беше сместен во пресрет на денешното судско рочиште.

Сакал напоменува дека австралиските власти допрва можат да донесат одлука за укинување на визата на српскиот тенисер, но таквиот евентуален потег не се очекува пред утрешниот ден, а можеби ќе биде одложен за неколку дена.