АТЛЕТИКА – НА МИТИНГОТ ВО ЛЕВИН

Етиопскиот атлетичар, 22-годишниот Ламеха Гирма, постави нов светски рекорд во сала на 3.000 метри. Тој го постигна големиот успех на атлетскиот митинг што се одржа во француски град Левин.
Гирма ја истрча патеката долга 3.000 метри постигнувајќи време од 7:23, 81 минути, со што за 1,09 секунда го надмина досегашниот рекорд, кој беше во сопственост на кенискиот атлетичар Даниел Комен и не беше соборен 25 години.
Гирма (22) е олимписки вицешампион на 3.000 метри од Летните олимписки игри (ЛОИ) 2020, кои се одржаа во Токио. Г.И.