Фото: Пиксабеј

Највисоките кинески лидери прогласија „решавачка победа“ над ковид-19, велејќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицинска помош и имаат најниска стапка на смртност во светот.

– Со континуирани напори за оптимизирање на мерките за превенција и контрола на ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на ковид-19 направи непречена транзиција за релативно кратко време – истакна Постојаниот комитет на Политбирото на Кина (ПСЦ) на состанок.

-Постигната е голема решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата – додаваат тие.

Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветно лекување, но лидерите предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, јавија државните медиуми.

На состанокот било истакнато дека Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за старите лица и ќе го зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.

ПСЦ, најмоќното раководно тело на Кина, ги повика сите локални власти и одделенија да го зајакнат системот на медицински услуги.

Кина во декември ја укина својата речиси тригодишна строга анти-ковид политика по протестите против строгите владини ограничувања.