Фото: МОК

Македонската нордиска скијачка Ана Цветановска го освои 95-то место во денешната трка крос-кантри на 10 километри. Таа патеката ја мина со време 39:57.7 минути, односно заостана за повеќе од 11,5 минути зад победничката Тереза Јохауг од Норвешка која имаше време 28:06.3 минути.

На трката настапија 98 натпреварувачки, а зад Цветановска останаа само три.

На победничкиот подиум покрај Норвежанката, се најдоа две скијачки од Финска. Втора беше Керту Нисканен која заостана само 0,4 секунди зад Јохауг, додека бронзата ја освои Криста Пармакоски со резултат 28:37.8 минути.

По оваа трка, Норвешка се изедначи со Германија на врвот на листата медалисти со по пет освоени златни одличја.