Новите технички прописи се најголема промена во болидите во Формула 1 во претходните 40 години. Пресметките на Ф1 сугерираат дека со новите правила болидот што оди директно зад другиот ќе задржи 85 отсто од вкупната сила кога ќе заостане еден метар, наместо 57 отсто во претходните години. Рестриктивната природа на правилата значи дека болидите треба да бидат поблиску еден до друг во однос на перформансите, со помала можност за тимовите да најдат големи предности

ОТКАКО ФОРМУЛА 1 ВОВЕДЕ НОВИ ПРАВИЛА

Новите технички прописи се најголема промена во болидите во Формула 1 во претходните 40 години. Тие редефинираат како работи автомобилот во обид да ги решат проблемите со кои се соочуваат возачите во претходните години кога станува збор за претекнувањето, пишува „Би-би-си“.
Убеден сум дека годинава болидите ќе бидат поблиски во перформансите од самиот почеток и дека овие правила ќе доведат до многу подобри трки – вели управниот директор на Формула 1, Рос Браун, пренесе „Би-би-си“.
Брзината на болидот во голема мера е дефинирана од аеродинамиката. Во минатото, турбулентниот воздух зад автомобилите го попречуваше автомобилот одназад и доведе до тоа да изгуби речиси половина од вкупната надолна сила при внимателното следење, пишува „Би-би-си“. Пресметките на Ф1 сугерираат дека со новите правила годинава, болидот што оди директно зад другиот ќе задржи 85 отсто од вкупната сила кога ќе заостане еден метар, наместо 57 отсто во претходните години. Згора на тоа, рестриктивната природа на правилата, работени заедно од Ф1 и со управното тело ФИА, значи дека болидите треба да бидат поблиску еден до друг во однос на перформансите, со помала можност за тимовите да најдат големи предности.
– Секоја одлука што ја донесовме беше кон тоа да не го загрозиме спортот, туку да го направиме подостапен за повеќе тимови и да продолжиме порамномерно натпреварување, а, сепак, да му остане меритократијата – вели Браун.

Наместо рамните подови што се користат во Ф1 од 1983 година, Ф1 се враќа во обликувана долна каросерија со т.н. вентури (тунели) за да создаде сила, што значи дека болидите ќе се движат порамно во споредба со претходните автомобили, кои користеа т.н. „гребло“ (поставеност на носот надолу), за да создадат поголема сила што влече надолу, пишува „Би-би-си“.
Претходната ера автомобили од 1978 до 1982 година станаа озлогласени во последните две години од таа ера по нивните тешки амортизери, што им даваше на возачите непријатно време во пилотската кабина. Годинава возачите што ги пробаа своите нови автомобили во симулаторот велат дека веќе забележале пад на квалитетот на возењето и поголема чувствителност на нерамнини. Моќта на подот и важноста да се спречи нарушувањето на протокот на воздух под автомобилот значат дека ќе биде можно да се движат автомобилите што е можно поблиску до земјата. Некои инженери рекоа дека ова би можело да доведе до тоа тимовите да се обидат да ги направат нивните подови флексибилни за повеќе да се „залепат“ на земја.