Следува вториот круг од три партии во истите групи, по што ќе се знаат победниците на првиот од трите турнири на оваа серија

ШАХ – ГРАНПРИ-СЕРИЈА 2022

Американецот Хикару Накамура (2.732 рејтинг-поени) води со два поена по првиот круг, односно три одиграни кола во групата А, Ерменецот Левон Аронијан во групата Б (2.772) со 2,5 поена, Полјакот Јарослав Војташек (2.686) во групата Ц со два поена, додека во групата Д, Американците Весли Со (2.772) и Лениер Домингез (2.752) имаа по два поена. Следува вториот круг од три партии во истите групи, по што ќе се знаат победниците на првиот од трите турнири на гранпри-серијата на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за 2022 година, која се игра во Берлин, Германија, и ќе трае до 17 февруари.
Вакви турнири ќе се играат и во Белград (во април) и уште еднаш во Берлин. Ќе настапат вкупно 24 велемајстори, кои ќе играат на два од три турнири. Првите двajцa од оваа серија турнири ќе бидат и последните шахисти што ќе се квалификуваат за Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак, кој ќе се одржи во јуни во Мадрид. Победникот на тој турнир ќе го предизвика светскиот првак, Норвежанецот Магнус Карлсен, во мечот за титулата, кој ќе се одржи во 2023 година.
Овој е нов пристап за шаховскиот свет, но многу сличен на Суперлигата, односно во првата фаза има четири групи со по четири шахисти, а победникот од секоја група оди во полуфиналето. Досега пласман на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак обезбедија Јан Непомнијашчи, Тимур Раџабов, Јан Кшиштоф-Дуда, Сергеј Карјакин, Алиреза Фирузја и Фабијано Каруана.


Табела по 3. коло

Група А: Накамура 2, Гришчук 1,5, Есипенко 1,5, Бакро 0,5 поен
Група Б: Аронијан 2,5, Видит 1,5, Дубов 1, Кејмер 1 поен
Група Ц: Војташек 2, Рапорт 1,5, Федосеев 1,5, Опарин 1 поен
Група Д: Со 2, Домингез 2, Харикришна 1,5, Широв 0,5 поен