На 22-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО на поранешната Сојузна Република Југославија, се јави и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со приказна на социјалните мрежи и со порака да не се заборави 78-дневниот напад во кој загинаа околу 1.500 луѓе.

– Денеска е годишнината од почетокот на 78-дневното бомбардирање на Југославија од страна на НАТО во 1999 година. Сеќавањата на тоа време уште се свежи и важно е да најдеме време да се осврнеме на историјата – напиша Ѓоковиќ на англиски јазик со неколку фотографии.

Ѓоковиќ, кој тогаш имал 12 години, неколку пати го коментираше криењето во скривниците и обидите да се тренира додека на Белград паѓаа бомби.