Македонската стрелачка Оливера Наковска-Бикова не успеа да се избори за финале во дисциплината спорт пиштол од 25 метри на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио.

Таа заврши на деветтата позиција од вкупно 30 натпреварувачи, не успевајќи да се пробие во финалето каде што се најдоа осумте најдобри од квалификациите.

Претходно, македонската претставничка пукаше одлично во првиот круг од квалификациите, завршувајќи на втората позиција.

Наквоска-Бикова последниот настап на ПОИ во Токио ќе го има в сабота, во дисциплината пиштол во слободен избор од 50 метри.