За Летните олимписките игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година полека се оформува програмата, па Игрите во Париз ќе бидат први каде што ќе се постигне целосна полова еднаквост, односно со учество на 50 проценти мажи и 50 проценти жени во спортските натпреварувања. Исто така, и бројот на мешани полови натпреварувања ќе се зголемат од 18 (сега во Токио) на 22 во Париз. Веќе има размислувања и за нови спортови што ќе се додадат во 2024 година, како брејкденс, скејтборд, качување по карпа и сурфање, а сѐ во обид да се привлече помладата публика преку овие нови спортски дисциплини. Од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) е потврдено и тоа дека бројот на спортистите, официјалните лица и персоналот ќе се намали и дека ракометот на плажа нема да биде вклучен во овие Игри.