Фото: Фејсбук/РФМ

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Тунис со 28-33 во второто коло од групата 2 во Президент-купот на Светското првенство во Полска и во Шведска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров лошо го отворија резултатот со негатива од 0-5. Следуваше нешто подобра игра, па во финишот на првото полувреме намалија на 14-15 за на одмор да се оди со минус од два гола 14-16.

Во второто полувреме резултатот беше изедначен во неколку наврати, а некаде на средината „црвено-жолтите“ поведоа со 21-20. Оттогаш, Тунис повторно влезе во ритам со серија од четири гола и до крај не го испушти водството.

Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со осум голови.

Во последниот натпревар од групата, Македонија ќе се сретне со Мароко.

На другиот натпревар од 2. коло, Мароко го победи Алжир со 28-27.