Фото: МИА

Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, соопшти ОБСЕ.

– Овој инцидент е уште еден потсетник за кибер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации – стои во соопштението на ОБСЕ.

Фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера беше хакирана.

– ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ – беше наведено од ОБСЕ.

По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“.

Во моментов со ОБСЕ претседава Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.