По второто коло во групите А, Б, Ц и Д, Франција, која има најмногу златни медали (шест) на мундијалите, засега е најефикасна со 67 гола, а и во категоријата голови на еден натпревар, со 41. Словенија, пак, има најдобра гол-разлика по два меча, плус 23. По четири дена, седум репрезентации се пласираа во главната групна фаза на СП, а вчера за такво нешто играа и повеќе селекции во групите Е, Ф, Г и Х

РАКОМЕТ – СП 2023 ВО ПОЛСКА И ВО ШВЕДСКА

Седум репрезентации (Шпанија, Словенија, Франција, Шведска, Бразил, Зелено`ртските Острови и Унгарија) се пласираа во главната групна фаза на Светското првенство (СП) што се игра во Полска и во Шведска, по четвртиот натпреварувачки ден, односно по одиграните 24 натпревари од предвидените 112 на ова СП. По некомплетното второ коло во првата фаза во групите А,Б, Ц и Д, Шпанија се пласира од групата А по победата над Чиле (30-35), а во групата Б, актуелниот олимписки шампион Франција победи на мечот со Саудиска Арабија (41-23), а Словенија особено импресионира со победата со 32-23 против вториот кодомаќин Полска, благодарение на извонредна игра во одбраната.
Во групата Ц, актуелниот европски првак Шведска е водечки, со две победи од исто толку натпревари, по триумфот над Зелено`ртските Острови (47-27), а Бразил им се придружи во следната рунда по убедливата победа (35-24) против Уругвај, кој е без бодови и оди во Президент-купот. Во групата Д, Унгарија се квалификува во голем стил, по извонредниот финиш во дуелот против Исланд, остварувајќи победа со 30-28, особено по несигурната игра во првите 50 минути. Во другиот натпревар на денот во оваа група Португалија ја победи Јужна Кореја (34-24) и го обезбеди своето место во главната рунда.
Синоќа натпревар на денот во групата Е беше дуелот Германија – Србија, селекции што ги добија своите дуели во првото коло. Актуелниот светски првак, фаворизираната Данска, играше со Бахреин во групата Х, во групата Г Египет требаше да се сретне со Мароко, а Хрватска имаше цел да ја оствари својата прва победа во мечот со САД, по поразот од Египет.
Во групата Ф вчера Македонија, по поразот во првото коло од Норвешка, требаше да игра со Холандија, а Норвешка со Аргентина, која беше поразена во првото коло од Холандија.
По второто коло во групите А, Б, Ц и Д, репрезентацијата на Франција, која има најмногу златни медали (шест) на мундијалите, засега е најефикасна, со вкупно 67 гола, а и во категоријата голови на еден натпревар, со 41. Словенија има најдобра гол-разлика по два одиграни меча, плус 23. Г.И.


Холандија и САД ги забележаа првите победи на мундијалите

Македонската ракометна репрезентација по двата одиграни меча со Норвешка и синоќа против Холандија, утре (18 часот) ќе го игра и третиот и последен дуел во својата група Ф, со Аргентина, можеби и решавачки, во зависност од вчерашните исходи на мечевите од таа група. За Холандија ова беше прва победа на мундијалите, оти во далечната 1961 година ги загуби двата натпревара што ги одигра (со Германија и со Франција) и го освои 11-то место од 12 селекции. И репрезентацијата на САД го доби својот прв натпревар во историјата на мундијалите, прекинувајќи ја серијата од 25 пораза.


Елисон водечки стрелец

Левото крило на репрезентацијата на Исланд, Бјарки Мар Елисон, засега води на листата на стрелците на Светското првенство со 18 гола од 24 удари (75 отсто ефикасност), пред десниот бек, Црногорецот Бранко Вујовиќ со 16 гола од 22 шута (73 отсто), по некомплетното второ коло. Најдобар голман засега е Црногорецот Небојша Симиќ, со 27 одбрани на еден меч (во просек по 13,5). 


ГРУПА А

Ц. Гора – Иран 34-31
Шпанија – Чиле 34-26
ТАБЕЛА
Шпанија 2 2 0 0 4
Црна Гора 2 1 0 1 2
Иран 2 1 0 1 2
Чиле 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: Црна Гора – Чиле (18 ч.), Иран – Шпанија (20.30 ч.).

ГРУПА Б
Франција – С. Арабија 41-23
Полска – Словенија 23-32
ТАБЕЛА
Словенија 2 2 0 0 4
Франција 2 2 0 0 4
Полска 2 0 0 2 0
С. Арабија 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: Словенија – Франција (18 ч.), Полска – С. Арабија (20.30 ч.).

ГРУПА Ц
Бразил – Уругвај 33-25
Шведска – Зелено`ртски О. 26-18
ТАБЕЛА
Шведска 2 2 0 0 4
Бразил 2 1 0 1 2
Зелено`ртски О. 2 1 0 1 2
Уругвај 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: Бразил – Зелено`ртски О. (18 ч.), Ургвај – Шведска (20.30 ч.).

ГРУПА Д
Португалија – Ј. Кореја 32-24
Исланд – Унгарија 28-30
ТАБЕЛА
Унгарија 2 2 0 0 4
Португалија 2 1 0 1 2
Исланд 2 1 0 1 2
Ј. Кореја 2 0 0 2 0
Двојки за денеска: Португалија – Ј. Кореја (18 ч.), Португалија – Унгарија (20.30 ч.).

ГРУПА Е: Синоќа играа Германија – Србија, Катар – Алжир. Табела по 1. коло: Србија 2, Германија 2, Катар 0, Алжир 0.
ГРУПА Ф: Синоќа играа Македонија – Холандија и Норвешка – Аргентина. Табела по 1. коло: Норвешка 4, Холандија 2, Аргентина 0, Македонија 0.
ГРУПА Г: Синоќа играа Египет – Мароко, Хрватска – САД. Табела по 1. коло: Египет 2, САД 2, Марко 0, Хрватска 0.
ГРУПА Х: Синоќа играа Белгија – Тунис, Данска – Бахреин. Табела по 1. коло: Данска 2, Бахреин 1, Тунис 1, Белгија 0.