Фото: РФМ

Петмина членови на македонската репрезентација биле позитивни на ковид-19 на последното задолжително тестирање во пресрет на заминувањето на Европското првенство, соопшти Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Тие ќе останат во изолација, но со два негативни теста би можеле да бидат на располагање на селекторот Кирил Лазаров, доколку има потреба. Останува да се види дали ќе бидат повикани замени за заболените ракометари, со што утре ќе биде познат списокот на патници за ЕП.

Македонија утре заминува за Дебрецин, Унгарија, каде што првиот меч ќе го одигра против Словенија в четврток, в сабота следува дуел со Црна Гора, додека последен ривал во групата А е светскиот првак Данска, следниот понеделник.