Фото: Фејсбук/РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево ја совлада Литванија со 31-28 во Вилнус, со што направи голем чекор кон пласман на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија в година.

Сара Ристовска со девет и Андреа Седлоска со осум гола беа најефикасни кај Македонија.

Избраничките на Кристијан Грчевски во следниот меч од квалификациите ја пречекуваат Шпанија на 28 февруари.

Првите две репрезентации од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири меѓу третопласираните, ќе обезбедат пласман на ЕП 2024, прво на кое ќе играат 24 селекции. Директно на континенталното првенство се пласираа актуелниот европски првак Норвешка и репрезентациите на трите земји-домаќини на шампионатот.