Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство в година, откако вечерва загуби од Украина со 22-31 во реваншот од мундијалскиот бараж, одигран на неутрален терен во унгарскиот град Кишварда. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа негатива од првиот натпревар во Скопје (22-24).

Македонските ракометарки беа рамноправни до средина на првиот дел, кога при водство на Украина од 10-8 уследи голем пад во играта со бројни технички грешки, што противникот ги искористи за да замине на пауза со убедллива предност од 24-12.

Најефикасна македонска ракометарка беше Леонида Гечевска со девет гола.

Македонија остана на пет мундијалски учества, од кои последното беше во 2017 година во Франција.

Светското првенство ќе се одржи од 30 ноември до 17 декември во заедничка организација на Шведска, Данска и Норвешка.