Фото: Фејсбук/РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа и втор пораз од Турција во рамките на ЕХФ неделата. Избраничките на Љубомир Савевски во Анкара беа совладани од домаќинот со 30-31, откако завчера исто така забележаа минимален пораз со 24-25.

Македонските ракометарки подобро го одиграа првиот дел и имаа водство од 19-17, но на крајот претрпеа пораз.

Дуелите со Турција беа последна проверка за националната селекција пред бараж-двомечот со Украина за пласман на Светското првенство.