Фото: РФМ

РАКОМЕТ – СП ЗА КАДЕТКИ ВО СКОПЈЕ

Кадетската репрезентација на Македонија за ракометарки до 18 години, синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ требаше да го игра третиот натпревар од првата групна фаза на Светското првенство (СП) во Скопје, против селекцијата на Иран. Со победа, македонските надежи, предводени од селекторот Љубомир Савевски, ќе пренесат два бода во втората групна фаза, во која, пак, ќе играат со две од следниве три репрезентации, Исланд, Црна Гора и Шведска.
Претходно, Македонките во мечевите во групата Б впишаа две победи, прво беше совладан Сенегал, со 32-13, а потоа и Узбекистан, со 39-30. Репрезентациите на СП 2022 се поделени во осум групи, најдобрите две селекции од секоја група обезбедуваат пласман во главната групна фаза, а послабопласираните две репрезентации играат во разигрувањето за пласман од 16-то со 32-то место. Г.И.


ГРУПА Б

Иран – Узбекистан 47-31
Македонија – Сенегал 32-13
Сенегал – Иран 29-39
Македонија – Узбекистан 39-30
Узбекистан – Сенегал 32-34
Иран – Македонија вчера

ТАБЕЛА
Македонија 2 2 0 0 4
Иран 2 2 0 0 4
Сенегал 3 1 0 2 2
Узбекистан 3 0 0 3 0