РАКОМЕТ
Селекторот Кирил Лазаров ги одреди ракометарите што ќе играат на двете пријателски средби со Грција во Солун, денеска и утре (двете од 17.30 часот по средноевропско време), а во рамките на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и како дел од подготовките за настапот на Европското првенство (ЕП) во Германија в година.
Лазаров за дуелите со Грција смета на следните 18 ракометари: Никола Митревски, Марко Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Томи Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски, Ненад Костески, Никола Костески, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Никола Маркоски и на Милан Лазаревски.
Од првобитно повиканите 22 ракометари, на скратениот список на Лазаров не се четворица, и тоа поради повреди средниот бек Марко Митев и дефанзивецот Едвин Омерагиќ, како и пикерот Марко Стојковиќ и левиот бек Емилијан Ѓорговски. Г.И.