Фото: КИЦ Истанбул

Македонскиот културен центар во Истанбул, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, на 30 септември 2026 година (среда), со почеток во 19 часот, организира концерт на македонските уметници Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано.

Концертот ќе се одржи во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул, а на програмата ќе бидат изведени дела од Морис Равел, Џузепе Верди и Стојков.

Концертот претставува уште една можност истанбулската публика да се запознае со македонската музичка уметност, во дијалог со делата од европската класична музичка традиција. Настанот е дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар за претставување на македонските уметници пред турската публика и за создавање нови простори за културна соработка во Истанбул.