Уморната кожа без сјај е проблем со кој се соочуваат многумина, а кремовите честопати не ги носат посакуваните резултати бидејќи не продираат доволно длабоко. Мезотерапијата е најефикасното решение во вакви случаи. Мезотерапијата стана еден од златните стандарди во естетската дерматологија, особено кога сакаме да ја вратиме свежината на кожата, а наедно да го одржиме целосно природниот изглед.
Мезотерапијата е минимално инвазивен третман, кој вклучува воведување коктел од активни супстанции во средниот слој на кожата преку микроинјекции или уреди. Овие коктели содржат витамини, хијалуронска киселина, ензими и антиоксиданти. Хранливите материи се внесуваат директно во средниот слој на кожата, точно таму каде што се најпотребни и каде што обичните кремови не можат да ги достават.
Која е разликата помеѓу мезотерапијата и дермалните филери? Иако двата третмана служат за подмладување на кожата, нивната структура е различна. Мезотерапијата се користи за хидратација, освежување, сјај и спречување на стареењето. Со неа не ја менуваме физиономијата на лицето и не ги пополнуваме длабоките брчки. Од друга страна, дермалните филери се користат токму за пополнување на волуменот, длабоките брчки и контурирање на лицето, на пример усните или јаболчиците. Филерите буквално физички ги пополнуваат вдлабнатините. Главната предност на мезотерапијата е постепениот и природен ефект. По третманот, кожата не изгледа „затегнато“ или вештачко, туку едноставно посвежо, поодморено и со порамномерен тон.

































