Собирот на македонската репрезентација е в недела, а бараж-мечевите со Романија се на 17 март во Скопје и на 19 март на гости. Вкупниот победник ќе се сретне со Чешка во април, за пласман на Мундијалот в година. Македонија игра за деветтиот настап на светските првенства, а седми во низа
Селекторот и капитен на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати првобитниот список од 35 ракометари на 21 (во кои има шест интернационалци), на кои ќе смета за претстојните бараж-дуели со Романија за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година во Полска и во Шведска. Поради повреди, во составот не се Дејан Манасков и Мартин Велковски, а во репрезентацијата се враќаат Никола Маркоски и Томи Јагуриноски.
Собирот на македонската репрезентација е закажан в недела (од 20 часот), првиот бараж-натпревар на црвено-жолтите со Романија се игра во Скопје, на 17 март, а реваншот е на 19 март на гостински терен. Вкупниот победник на дуелот Македонија – Романија ќе игра со Чешка во април, за пласман на Мундијалот в година. Македонија игра за деветтиот настап на светските првенства, а седми во низа.
Состав: голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ. Леви крила: Гоце Ојлески, Цветан Кузмановски. Десни крила: Гоце Георгиевски, Ненад Костески. Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриноски. Леви бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ. Средни бекови: Филип Миркуловски, Марко Митев, Игор Ѓоргиев. Пикери: Жарко Пешевски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски. Дефанзивци: Михајло Младеновиќ, Марко Стојковиќ.