РАКОМЕТ – ЖДРЕПКА ЗА ЛИГА ЕВРОПА

Германски Фуксе Берлин, украински Мотор, шпанска Бидасоа, дански Орхус и португалски Агуаш Санташ му се противниците на македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер, во групната фаза од Лигата на Европа (ЛЕ).

Избраниците на тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, ќе го играат првиот натпревар на 25 октомври на домашен терен против Орхус.

Тоа е епилогот по вчерашната ждрепка влечена во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, во која пелистерци беа сместени во вториот барабан, а по ждрепката се најдоа во групата Д.

Македонскиот клуб ги одбегна поранешните европски прваци, француски Монпелје и германските Фленсбург и Гепинген, но не успеа и шпанска Бидасоа. Двократниот вицепрвак Фуксе Берлин се смета за фаворит за првото место во групата Д, од која првите четири тима ќе се пласираат во осминафиналето, каде што ќе вкрстат со клуб од групата Ц, која е единствена без германски и без француски претставник. Г.И.