Фото: Пиксабеј

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност“.

– Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување. Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат – истакна Резников на руски јазик во видеото упатено до руските војници.

Тој додаде дека „ќе им се суди на тие што издале криминални наредби“.