Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедото кое се случило пред стадионот во кој се одигрувал натпреварот од Купот на африканските нации меѓу Камерун и Коморите. Очевидци наведуваат дека меѓу жртвите има и деца.
Стампедото се случило додека луѓето се обидувале да влезат на стадионот „Олембе“ во главниот град на Камерун, Јаунде, за да го проследат натпреварот од последниот 16-ти натпревар од нокаут фазата на најголемиот фудбалски турнир во Африка.

Претставниците на локалната болница соопштиле дека примиле најмалку 40 повредени.

– Некои од повредените се во очајна состојба. Ќе треба да ги пренесеме на лекување во специјализирана болница – изјавила медицинската сестра Олинга Пруденс.

Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради епидемиските мерки не требало да биде исполнет повеќе од 80 отсто.
Сепак, официјалните лица велат дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот.

Натпреварот меѓу Камерун и Коморите се одиграл и покрај инцидентот и завршил со победа на домаќините од 2-1.