ОДБОЈКА
Поранешниот македонски машки одбојкарски шампион Струмица 47/72 ќе биде меѓу претставниците на македонската клупска одбојка во новата сезона во европските клупски купови, пишува Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). По шампионот Штип УГД, како и женските клубови, првакот Работнички Скопје и Јанта волеј Кисела Вода, струмичани го искористија последниот ден за доставување апликација за настап во Европа во сезоната 2026/2027, пишува ОФМ. Струмица 47/72 пријави учество во Челинџ-купот. Македонските претставници ќе ги добијат противниците со влечење ждрепка на 15 јули во Луксембург. По ланската рекордна сезона со дури пет претставници во Европа, годинава Македонија повторно има убава бројка, со по два машки и женски клуба што ќе се натпреваруваат на меѓународната сцена, велат од Одбојкарската федерација на Македонија. Г.И.


































