Фото: „Нова Македонија“

Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка со убедливи 38:23.

Македонските ракометари бодрени од македонските фанови во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“, по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут во 12.минута, но ништо не се промени и македонските ракометари поведоа и со 12:4. По 20.минути игра Словачка направи серија од 3-0 и намали на 13:8. На полувреме беше 18:11.

И вториот дел македонските ракометари го почнаа во ист ритам и во 35.минута за првпат поведоа со 23:13. Сигурната игра продолжи и до крајот на натпреварот, а најефикасен во нашиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со 11 голови.

Првиот дуел одигран во Прешов заврши во корист на македонската репрезентација со 31:24.

Пласман на СП 2027 во Германија преку баражот изборија: Норвешка, Фарски острови, Шпанија, Грција, Полска, Франција, Словенија, Србија и Италија.