Момент од натпреварот Грција - Италија

Дерби-дуелите на второто коло се играа во Келн и во Милано, Франција беше поуспешна од Литванија, со минимални четири поени разлика (77-73), додека Италија во драматичен финиш не успеа да направи целосен пресврт и загуби од Грција (81-85). Најнеизвесен беше мечот помеѓу Украина и Естонија, кој го добија Украинците со поен предност (74-73)

ПО ДВЕ КОЛА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА МАЖИ

Шпанија и Турција (група А), Германија и бранителот на титулата Словенија (група Б), Украина и Грција (група Ц) и Србија и Израел (група Д) имаат максимални четири бода по две одиграни кола на 41. Европско првенство (ЕП) во кошарка за мажи, кое се игра во Тбилиси (Грузија), Келн (Германија) Милано (Италија) и Прага (Чешка).
Дерби-дуелите на второто коло се играа во Келн и во Милано, Франција беше поуспешна од Литванија, со минимални четири поени разлика (77-73), додека Италија во драматичен финиш не успеа да направи целосен пресврт и загуби од Грција (81-85). Најнеизвесен беше мечот помеѓу Украина и Естонија, кој го добија Украинците со поен предност (74-73)
Засега по една победа имаат впишано репрезентациите на Црна Гора и Белгија (група А), БиХ и Франција (група Б), Хрватска и Италија (група Ц) и Финска и Полска (група Д). Сласта на победата сѐ уште не ја почувствувале Грузија, Бугарија, фаворизираната Литванија, Унгарија, Естонија, Велика Британија, Чешка и Холандија.
Најубедлив напад засега имаат Шпанците, кои постигнале 204 коша (во просек по 102 по меч), убедливо најбледа одбрана има Бугарија, која прими дури 215 коша, а најцврста игра пред својот коша прикажа Украина, која има примено само 134 поени на две средби. Најмалку поени уфрлила Велика Британија (126), додека БиХ има дадено и примено ист број поени (177)! Засега најдобра кош-разлика има репрезентацијата на Шпанија (плус 53), а најслаба Велика Британија (минус 50).
По две изминати кола, дури четири селекции постигнаа 100 и повеќе коша против своите ривали. Шпанија и Турција славеа над Бугарија со 114-87, односно 101-87. Словенија со 103-88 ја совлада Унгарија, а Србија уфрли точно 100 поени против Холандија.

Г.И.


Келн најпосетен со публика, а Тбилиси најмалку

Ако се суди според утрото, спортската арена „Ланксес“ во германскиот град Келн е најпосетена по првите два дена, а очигледно така ќе биде и во преостанатите кола по групи. Досега таму шесте натпревари ги гледале вкупно 100.934 гледачи или, во просек, по 16.822 по меч. Следува Прага, со 48.111 гледачи (во просек 8.018). Милано е трет, со вкупно 38.837 гледачи (во просек 6.472), додека засега најслабо ЕП се следи во Тбилиси, од 500 до 6.000 гледачи по натпревар, или вкупно 16.600 (во просек по 2.766), иако таму салата е и најмала (капацитет 10.000 гледачи), за разлика од Келн (18.500), Прага (16.805) и Милано (12.700).


Везенков со најмногу поени и скокови во просек 

Бугарскиот кошаркар Александар Везенков, по две кола, води на листата на стрелците, со 58 коша, или во просек 27 по меч. Втори се Грците Јанис Адетокумпо и Тилер Дорси, во просек со по 26, а трет е Финецот Лаури Марканен, со 25. Везенков е прв и по бројот на скокови (во просек по 12), пред Адетокумпо и Грузиецот Сандро Мамукелашвили, и двајцата со по 11, и Италијанецот Акиле Полонара, со 10,5. Најдобар асистент засега е натурализираниот Бугарин со американско потекло Демаркис Бост (во просек 10 по меч), пред Србинот Василије Мициќ (9) и Словенецот Лука Дончиќ (8,5).


ГРУПА А, 2. КОЛО
Грузија – Шпанија 64-90
Бугарија – Турција 87-101
Црна Гора – Белгија 76-70

ТАБЕЛА
Шпанија 4
Турција 4
Црна Гора 3
Белгија 3
Грузија 2
Бугарија 2

Двојки 3. коло (вчера)
Шпанија – Белгија
Турција – Грузија
Бугарија – Ц, Гора

ГРУПА Б, 2. КОЛО
Германија – БиХ 92-82
Унгарија – Словенија 88-103
Литванија – Франција 73-77

ТАБЕЛА
Германија 4
Словенија 4
БиХ 3
Франција 3
Литванија 2
Унгарија 2

Двојки 3. коло (вчера)
Литванија – Германија
Словенија – БиХ
Франција – Унгарија

ГРУПА Ц, 2. КОЛО
Естонија – Украина 73-74
Грција – Италија 85-81
В.Британија – Хрватска 65-85

ТАБЕЛА
Украина 4
Грција 4
Хрватска 3
Италија 3
Естонија 2
В. Британија 2

Двојки, 3. коло (денеска)
Хрватска – Естонија (14.15 ч.)
В.Британија – Грција (17 ч.)
Украина – Италија (21 ч.)

ГРУПА Д, 2. КОЛО
Чешка – Србија 68-81
Холандија – Израел 67-74
Финска – Полска 89-59

ТАБЕЛА
Србија 4
Израел 4
Финска 3
Полска 3
Чешка 2 Холандија 2

Двојки, 3. коло (денеска)
Полска – Израел (14 ч.)
Чешка – Холандија (17.30 ч.)
Србија – Финска (21 ч.)