Фото: Лука Дончиќ/инстаграм

Кошаркарот на Далас маверикс, Словенецот Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар.

Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар.

Дваесет и тригодишниот Дончиќ во сезоната 2022/23 има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

Словенецот е еден од главните претенденти за наградата играч на сезоната во НБА.

Далас го доби синоќешниот натпревар со 126-121 по продолжение.