НБА

Градот Сан Франциско беше сведок на нова кошаркарска историја. Тука вчера беше соборен рекорд стар повеќе од три децении. Имено, легендата на Лос Анџелес лејкерс на тронот ја замени актуелниот играч на франшизата од Лос Анџелес, Леброн Џејмс. Со тројка на седум минути пред крајот на третата четвртина од натпреварот против Голден стејт (117-115), Џејмс влезе во историјата како кошаркар со најмногу постигнати поени во регуларниот дел и плејофот во НБА-лигата (44.157), преземајќи го тронот од дотогашниот лидер Карим Абдул-Џабар, кој броеше до 44.149 коша.
Џејмс го заврши мечот со 26 поени, 14 скока и осум асистенции, но со шут од игра 9/27, односно 3/10 за три поени. Поразот од 115-117 на Лејкерси од Голден стејт остана во сенка на рекордот што беше виден на паркетот.


Топ пет со најмногу поени

1. Леброн Џејмс 44, 157
2. Карим Абдул-Џабар 44.149
3. Карл Мелоун 41.689
4. Коби Брајант 39.283
5. Мајкл Џордан 38.279