Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Владимир Ѓоровиќ, го соопшти поширокиот список на кошаркарки за претстојниот, а наедно и последен, трет квалификациски циклус, кој треба да се игра во Рига, Летонија, од 4 до 6 февруари, за пласман на Европското првенство годинава. Меѓу повиканите 24 кошаркарки, десет се интернационалки.
Кошаркарките ќе ја темпираат формата во Охрид, каде што треба да одработат седумдневни подготовки, а потоа да заминат за Летонија. Дуелот против Летонија е на 4 февруари, а средбата со Хрватска е на 6 февруари. Македонија по двата квалификациски прозорци е четврта во групата И, со четири бода. На табелата водат Хрватска и Германија, со по седум бода.

Поширок список на кошаркарки: Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска, Драгана Јоловиќ, Софија Лазареска, Ивона Пејковска, Сања Адамовска, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Тања Стојановска, Јована Петрушевска, Снежана Серафимоска, Катерина Поп Димитровска, Девана Бонер, Ивона Кожобашиовска, Матеа Николиќ, Сандра Лазареска, Наталија Секуловска, Стефани Костова, Матеа Атанасовска, Марија Димитријевиќ, Елена Тасевска и Габриела Модева.