Фото: ФФМ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков кој настапува во првенството на Украина, соопшти дека во моментов се наоѓа на безбедно и оти се чека можност за напуштање на земјата, во изјава што ја пренесе Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

– Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментно работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам – ја пренесува ФФМ изјавата на Зајков, кој настапува во Ворскла Полтава.