Кристијано Роналдо изрази задоволство од враќањето на искусниот одбранбен фудбалер Пепе во составот на Португалија за утрешниот меч против Македонија во Порто, за пласман на Светското првенство ов Катар. Пепе го пропушти полуфиналето против Турција (3-1) поради ковид-19, пренесуваат светските медиуми.
„Кралот се врати! Внимавајте!“ извика насмеаниот Роналдо пред вчерашниот тренинг на португалската репрезентација, при појавувањето на 39-годишниот стопер кој моментно настапува за Порто. Тие потоа пријателски се поздравија пред да почнат со тренингот.
Дел од ѕвездите во португалската репрезентација зборуваат и за Македонија во пресрет на решавачкиот дуел.
– Нема да ве лажам, ја очекувавме Италија. Денешниот фудбал е различен. Секој тим може да победи на ова ниво. Не се важни имањата, бројките или статистиката. Северна Македонија има извонредно јадро и ќе го дадам максимумот за да ни го загорчат животот во вторник – порача искусниот фубалер за врска Жоао Мутињо од Вулверхемптон.
Фудбалерот на Манчестер сити Бернардо Силва вели дека Португалците не чувствуваат дополнителен притисок како фаворити.
– Северна Македонија победи на четири од последните пет гостувања во мундијалски квалификации, од кои две беа против гигантите Германија и Италија. Тоа кажува многу – посочува Силва, додавајќи дека Португалија мора да оди во Катар и не смее да ги разочара навивачите.
Победникот од утрешниот дуел во Порто (20.45) ќе обезбеди учество на Светското првенство во Катар.