Уго Љорис интервенира на голот на Франција/Фото: Твитер/Светско првенство во Катар

Актуелниот светски првак Франција ја совлада Англија со 2-1 во возбудлив меч за да се пласира во полуфиналето на фудбалскиот Мундијал во Катар.

Орелиен Чуамени во 17-та и Оливие Жиру во 78-та минута беа стрелци за триколорите, додека капитенот Хари Кејн од пенал во 54-та минута го постигна единствениот погодок за Гордиот албион.

Токму Кејн пропушти прилика да го израмни резултатот во завршницата од мечот, кога во вториот пенал за Англија биеше преку голот во 84-та минута.

Франција е првиот бранител на трофејот што успеа да се пласира во полуфиналето на Мундијалот по Бразил во 1998 година.

Франција во полуфиналето ќе се сретне со Мароко, кој претходно денеска беше подобар од Португалија со 1-0. Во второто полуфинале ќе се соочат Аргентина и Хрватска.

Полуфиналните дуели се играат во вторник и в среда.